Поврзете се со нас

Лига Европа

Конте со високи амбиции по победата против Баер Леверкузен

Објавено

на

Тимот на Интер изгледаше одлично на вчерашниот натпревар против Баер Леверкузен кој го доби со 2:1.

Сите погодоци паднаа во првиот дел, а иако резултатот беше тесен Интер во ниту еден момент не дозволи да биде доведена во прашање нивната победа.

Токму затоа тренерот на клубот Антонио Конте истакна дека е премногу задоволен од целокупниот развој на настаните на вчерашниот натпревар.

– Многу сме задоволни, тоа беше добра претстава. Го подготвивме натпреварот на вистинскиот начин, не сакавме во ниту еден момент Леверкузен лесно да ја игра својата игра, -изјави Конте кој потоа посочи дека сега се насочуваат на следниот натпревар.

– Покажавме дека сме гладни, имаме прилика да играме полуфинале во Лига Европа и можеме да бидеме задоволни. Од утре мора да почнеме со подготовки за полуфиналето, -заврши Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни