Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп за можноста Ливерпул да остане без ЛШ: Ние не сме деца во слаткарница…

Објавено

на

Ливерпул е многу незгодна ситуација и покрај добри резултати ќе му биде потребна многу среќа за да дојде до местата кои наредната сезона водат во Лигата на шампионите.

Меѓутоа „црвените“ имаат намера да се борат за посакуваниот билет се додека имаат шанси за тоа, но во случај да не успеат да дојдат до посакуваната цел тоа нема да биде катастрофа.

-Ние не сме деца во слаткарница кои не го добиваат она што го сакаат. Ние сме одговорни за ситуацијата во која се наоѓаме, никој нема да плаче и гледа ЛШ пред ТВ ако не се пласираме. Ако некој има проблем со тоа, се надевам брзо тоа ќе го забележам и да ја решиме таа ситуација. Прилично сум убеден дека тоа рано ќе го препознаам.

-Сè уште имаме шанса за Лигата на шампионите и мора да бидеме сконцентрирани на тоа. Некои луѓе очигледно мислат дека немаме повеќе шанси, па затоа треба веќе да ја отпишеме сезоната, -истакна тренерот Јирген Клоп.

„Црвените“ во најновата рунда во ПЛ се домаќини на Саутемптон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни