Поврзете се со нас

Франција

Ќе се оствари „чудото“ на Тухел: Мбапе ќе биде подготвен за битката со Аталанта

Објавено

на

Пари Сен Жермен успеа да ги оствари двата Куп трофеи и со тоа на перфектен начин да ја заокружи сцената во Франција, односно со голема самодоверба сега да им пристапи на подготовките за нокаут фазата во Лигата на шампоните.

За „светците“ првиот предизвик во Лисабон е Аталанта, меч од четвртфиналето закажан за 12 август, меч за кој не требаше да биде подготвен Килијан Мбапе кој заработи повреда на зглобот против Сент Етјен, повреда поради која требаше да паузира три недели.

Меѓутоа последните вести кои доаѓаат од Франција велат дека постојат големи шанси напаѓачот да биде дел од составот на ПСЖ за пресметата со калчолигашот.

-Има шанса од 90 проценти да биде да биде подготвен, -вели извор близок до Мбапе за „Л Екип“.

Ако ова е точно тогаш ќе се случи вистинско чудо, чудо кое го најави тренерот на францускиот шампион Томас Тухел.

–Се уште се надеваме, ама шансите се многу, многу мали. Самиот закрепкува, секој час што минува може да биде важен, иако ќе биде потребно чудо за да го видиме на теренот против Аталанта, -истакна Тухел ,- пред неколку дена.

Тухел за шансите на Мбапе да настапи против Аталанта: Потребно е…

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни