Евролига
Ќе се гледа „Ел Класико“ во Белград: Барселона закажа спектакл на фајнал-форот во Србија

Барселона како првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Евролигата се очекуваше да има најлесен пат во првата нокаут рунда, но на крајот го избра најтешкиот пат за да се пласира на завршниот турнир.
Каталонскиот великан успеа да го преживее Баерн Минхен и вечерва во „Блауграна“ ја заврши работата, добивајќи ја оваа изедначена серија со конечни 3:2.
Барса славеше на домашен терен благодарение на извонредната игра во третата четвртина, која ја направи главната разлика на теренот, но и на семафорот.
Баерн имаше водство во првото полувреме и се закани дека ќе режира голем подвиг, но Барселона одговори со 29:15 во третиот период и ги реши сите прашања околу патникот во следната фаза.
Со победата од 81:72 Барселона се пласираше на фајнал-фор турнирот во Евролигата, каде ќе гледаме вистински кошаркарски спектакл. Белград како домаќин на турнирот ќе биде сведок на „Ел Класико“ пресметка меѓу Барселона и Реал Мадрид во полуфиналето, додека Анадолу Ефес утре ќе го дознае ривалот од последната пресметка меѓу Монако и Олимпијакос.
-
Шпанијапред 7 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 10 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Шпанијапред 5 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ