Поврзете се со нас

Светски првенства

Кин меѓу редови ги поздрави Бразилците притоа потенцирајќи го успехот на нивните најголеми ривали

Објавено

на

Мундијалот во Катар заврши со триумф на Аргентина која во големото финале излезе како победник од дуелот со Франција.

Основниот дел донесе многу драма и заврши победник 2-2, продолженијата исто така донесоа нова неизвесност со по еден гол на двете страни, па на крајот мораше се да се решава на пенали каде „гаучосите“ беа многу подобри и заслужено дојдоа до пехарот кој во оваа земја се чекаше уште од 1986 година.

Рој Кин имаше можност да го испрати ова финале, да даде своја анализа, коментари, па во негов стил тој ги поздрави Бразилците кои многу танцуваа на ова првенство, нешто што не му се допадна на Ирецот со што влезе и во конфликт со дел од „кариоките“ кои му одговорија.

Меѓутоа Кин одново ги дочека своите „пет минути“, па по триумфот и славјето на Аргентинците порача:

-Погледнете какви брилијантни сцени, едноставно е брилијантно, танцувајте колку сакате. Вечерва ќе танцуваат во хотелот, нека им е со среќа, ќе играат во наредните 10 години. Еве кога се танцува, кога ќе триумфираш, -порача Рој.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни