Поврзете се со нас

Лига Европа

Касемиро го насамари Гави, па му испрати убиствен поглед (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Касемиро долги години водеше жестоки битки со Барселона како важен член од Реал Мадрид, но денеска само покажа дека се уште има нерасчистени сметки со дел од играчите на каталонскиот гигант.

Бразилецот играше крајно пожртвувано на „Камп Ноу“ и беше навистина добар и солиден во средниот ред, а при еден добиен дуел со Гави, се погрижи и за вирална сцена на социјалните мрежи.

Навивачите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се воодушевени од реакцијата на Бразилецот, кој навистина добро знаеше како да прослави и еден гол-аут.

Касемиро успеа да го насамари Гави во моментите кога Барселона се обидуваше да стигне до 2:2, па додека младиот играч негодуваше, искусниот фудбалер му испрати убиствен поглед.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а истото само покажува дека Касемиро се уште има свежо сеќавање од големото ривалство меѓу Реал и Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни