Поврзете се со нас

Боречки спортови

Каратистите на „Макпетрол“ најуспешни на државниот плеј-оф турнир за сениори

Објавено

на

Со освоени вкупно 11 медали, од кои пет златни, четири сребрени и две бронзени, карате клубот „Макпетрол“ е прворангиран на државниот плејоф-турнир за сениори. Скопскиот тим е најуспешен на ова натпреварување на кое учествуваа 33 екипи од Македонија. На овој собир право на учество имаа само освојувачите на одличја на државното првенство за сениори што се одржа минатата недела.
Турнирот имаше изборен карактер за влез во македонската сениорска репрезентација. Натпреварувањето се одвиваше по бергер-систем. Сите освојувачи на медали во тежинските категории од државното првенство имаа борби секој со секого.
– Државното првенство и плејоф-турнирот се најстресните два натпревари за сите спортисти, тренери и клубови. За нас најважно е што ги потврдивме и задржавме првите места што ги остваривме на државното сениорско првенство минатата недела. Задоволни сме од постигнатото во овој изборен циклус. Како најдобар спортски колектив повторно докажавме дека сме најуспешни, но и дека имаме ресурси и за поголеми резултати. Сите наши спортисти имаа професионален пристап и покажаа и постигнаа добри резултати – истакна тренерот на „Макпетрол“.
Претстојното Европско сениорско првенство во карате ќе се одржи во Задар, Хрватска, во втората недела од мај. Репрезентативен статус обезбедија првопласираните пет спортисти на „Макпетрол“: Симона Заборска (-55 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.),  Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.) и Данило Божовиќ (+84 кг.)
Второпласирани, пак, од „Макпетрол“ беа следните каратисти: Давид Петков (-67 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.). На третата позиција се пласираа: Јована Мицовска (-61 кг.) и Димитар Лозановски (-67 кг.)
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни