Лига на шампиони
Капитенот Гундоган даде искрена оценка за финалето: Овојпат среќата беше на наша страна

Манчестер Сити конечно дочека да го мине последното скалило во Лигата на шампионите и стана европски шампион, откако вечерва во едно израмнето и цврсто финале успеа да го победи Интер со 1:0.
„Граѓаните“ важеа за големи фаворити и многумин најавуваа и нивна убедлива победа, но реалноста на теренот беше друга и Интер во најмала рака може да жали што не се избори за продолженија.
Утката на Ромелу Лукаку направи голот на Родри да биде еден и единствен на финалето во Истанбул, а за разлика од некои други натпревари, вечерва и среќата беше на страната на тимот на Пеп Гвардиола.
– Ова е неверојатно чувство, тешко е да се преточи во зборови. Вечерва испишавме историја за овој клуб. Мора да бидеме искрени, ова беше тежок натпревар за двата тима, а ние не бевме доволно добри во првиот дел. Многу се двоумевме, имавме дилеми и знаевме дека мораме многу подобро во првиот дел.
– Ова беше 50-50 натпревар, овојпат среќата беше на наша страна. Сите зборуваа за триплетата пред натпреварот, но тоа не ни донесе притисок. Овој тим знае да се носи со притисокот на најдобар можен начин, – изјавил Гундоган за „Би-Ти Спорт“.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 21 час
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 24 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 23 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд