Македонија
Капитенот Гајиќ го продолжи договорот со Голден Арт

Поранешниот јуниорски репрезентативец и капитен на старо новиот член на Голден Арт, Глигор Гајиќ го продолжи договорот со клубот за наредните две години.
Ракометарот од Струга пристигна во Голден Арт во јуни 2020 година и притоа се профилираше во еден од носителите на играта на тимот, а со својата посветеност, професионалност и верност, од стартот на последнава сезона го заслужи и статусот капитен на тимот.
– Задоволен сум што ја остваривме целта и експресно се вративме во супер лигата, чест ми е што ја продолжуваме соработката со клуб кој премногу вложува во македонските играчи и придонесува за развојот на ракометот во Македонија. Гледам само позитивно и оптимистички за иднината на клубот во супер лигата, ќе работиме напорно, професионално и заедно чекориме кон нови успеси во супер лигата – изјави Гајиќ за официјалните друштвени мрежи на клубот од Општина Аеродром.
Глигор Гајиќ својата ракометна кариера ја стартуваше во родната Струга, од каде премина во скопски Металург, а последните две години настапуваше за Голден Арт. Договорот со Голден Арт е со важност до јуни 2024 година.
Со овој потег и склучување на соработка со Гајиќ, Голден Арт покажува дека клубот и во иднина ќе ги вреднува македонските играчи, давајќи им можност за надградба и формирање при настап во највисок ранг на натпреварување.
-
Шпанијапред 16 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 19 часа
Уште еден играч си заминува од „Олд Трафорд“
-
Германијапред 12 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Англијапред 15 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Шпанијапред 22 часа
Навивач на Реал побара од Перез да го врати Роналдо, одговорот на Флорентино звучеше потценувачки (Видео)
-
Лига Европапред 22 часа
Бравура и молк во Белград: Соиграч на Тричковски си поигра со пет играчи на Партизан и постигна страшен гол (Видео)
-
Светпред 9 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 10 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне