Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетките со „Бисер Балкански“ го прославија големиот успех во Литванија (ВИДЕО)

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години оствари одличен резултат и го освои пехарот на ЕХФ шампионатот во Литванија.

Избраничките на Љубомир Савевски одиграа одличен турнир во Клаипеда кој го заокружија со победа над Исланд од 27-26 во големото финале. Со ова кадетките обезбедија пласман не само на Европско првенство во 2023 година туку и на мундијалот што наредната година ќе се игра во Грузија.

Ваквиот резултат донесе голема радост кај девојките и истиот го прославија со големиот македонски хит „Бисер Балкански“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни