Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите ја победија Данска и остануваат во елитната А дивизија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години издвојува победа над Данска од 83:64 во мечот од типот „да се биде или не“ на Европското првенство во Скопје.

Нашите кадетски репрезентативци го одиграа најдобриот натпревар на шампионатот и на тој начин успеаа да обезбедат опстанок во елитната А дивизија.

Јаничиќ со 20 поени и 5 асистенции и Зетов со 15 поени беа најрасположени за игра, но не треба да се заборави ниту придонесот на Луканоски од 10 поени и 14 скокови.

Сега македонските таленти ќе се борат за пласман од 9. до 12. место на ЕП од оваа возрасна конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни