Поврзете се со нас

Италија

Јувентус објави огромна финансиска загуба, следи продажба на играчите за да се пополни финансиската дупка

Објавено

на

Од таборот на Јувентус и официјално објавија дека во првите шест месеци од сезоната 2020/21 забележале огромни финансиски загуби предизвикани поради пандемијата од коронавирусот.

Приходите на клубот минатата година изнесувале 322,3 милиони евра, за разлика од оваа година кога приходите изнесувале „само“ 258,3 милиони евра. Со тоа Јувентус објави загуба од цели 113,7 милиони евра за првиот дел од сезоната.

Јувентус беше еден од ретките клубови кои не ги скрати платите на своите фудбалери и покрај финансиската криза настаната поради Ковид-19.

Во самата објава од Јувентус стои дека финансиската ситуација не би требало да влијае врз трансферите, но италијанските медиуми пишуваа тдека со цел клубот  да ги пополни финансиските дупки ќе биде приморан да продава дел од своите играчи кои ги има под договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни