Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед одново направи пресврт и постави уникатен рекорд во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед направи уште еден пресврт во Премиер лигата и го одложи шампионското славје на Манчестер Сити, иако во еден момент се чинеше дека избраниците на Пеп Гвардиола уште ова попладне ќе почнат да ја прославуваат новата титула.

„Ѓаволите“ оваа сезона се истакнаа како мајстори за победи откако први имаат негатива на семафорот, а ова попладне поставија неверојатен и апсолутен рекорд, со кој и автоматски станаа „кралеви“ на пресвртите во англиската елита.

Манчестер Јунајтед денеска ја победи Астон Вила откако имаше негатива од 1:0, а трите гола на Бруно, Гринвуд и Кавани во самата завршница значеа дека ова е десетти пресврт на тимот на Оле Гунар Солскјер.

Со ова е поставен апсолутен рекорд во англискиот фудбал и овој состав на Солскјер оди во историските читанки на Премиер лигата, тим кој како никој претходно покажа карактер за враќање во мечот откако има негатива.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни