Поврзете се со нас

АТП

Ja продолжи серијата: Зверев триумфираше во Келн (ВИДЕО)

Објавено

на

Германскиот тенисер, Александер Зверев ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 250 во Келн.

Зверев во битката за трофејот се соочи со талентираниот Феликс Оже-Алијасим кој не успеа и во шестото АТП финале да ја подигне првата титула. Дуелот траеше скоро еден ипол час, а истиот Зверев го реши со 6-3, 6-3 и со тоа ја продолжи добрата серија, петта година по ред освојува барем по еден турнир.

Инаку севкупно за него ова беше 12 титула и за истата ќе заработи 24,880 евра и 250 бодови, додека пак на Феликс ќе му припаднат 19,790 евра и 150 АТП бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни