Поврзете се со нас

Италија

Извршниот директор на Интер го потврди ангажманот на Лукаку: Сакам да им се заблагодарам на директорите

Објавено

на

Како што одминуваат деновите станува се појасно дека Ромелу Лукаку ќе стави крај на авантурата во Челси и ќе се врати во редовите на Интер, клуб од каде пристигна на „Стемфорд Бриџ“ пред само една сезона.

Белгиецот на „Меаца“ ќе пирстигне како позајмен фудбалер без притоа Интер да има право на откуп на неговиот договор.

Дека договорот е блиску потврди и извршниот директор на „нероаѕурите“, Џузепе Бепе Марота.

– Трансферот на Лукаку? Сакам да им се зблагодарам на директорите Аусилио и Басин. Имавме многу работа, сега е време да ги комплетираме преговорите, -изјави Марота.

Се очекува Лукаку да пристигне во Италија во текот на оваа недела и да ги мине медицинските прегледи во Милано по што ќе следи и неговата официјална презентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни