Поврзете се со нас

АТП

Ивановски во луд меч остана без полуфинале на Вимблдон

Објавено

на

Македонската тениска надеж, Калин Ивановски не успеа да избори место меѓу четирите најдобри на јуниорскиот турнир на Вимблдон.

Ивановски во еден интересен, луд меч загуби од Педро Роденас од Шпанија со 2-1 во сетови. Калин имаше фуриозен старт и поведе со 4-0 во гејмови за да првиот сет го затвори со 6-3.

Вториот сет беше вистинска драма која започна со двете пропуштени брејк шанси на Македонецот во третиот гејм. Шпанецот поведе со 2-1 по што ги доби наредните три гејма за 5-1 за да во седмиот гејм пропушти четири сет топки.

Нашиот ас тргна силовито и со добра играа дојде до израмнување на 5-5 по што двајцата играчи го задржаа сервисот што донесе тај-брејк. Ивановски во овој дел поведе со 5-2 и беше на чекор до триумф, но потоа следуваше огромен пад, серија на Шпанецот од 5 поени за 7-5 и носење на мечот во решавашки трет сет.

Тука видовме три брејка, двајца за Педро кој со 6-4 избори полуфинале во кое ќе игра со Мили Полкичак од Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни