Поврзете се со нас

Атлетика

Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија

Објавено

на

Македонскиот атлетичар. Дарио Ивановски продолжува да поставува нови граници, да руши рекорди овојпат на маратокот кој денеска се одржа во Шпанија, поточно во Валенсија.

Ивановски успеа да постави фантастично време на трката долга 42,2 километри и со тоа испиша нова страница во македонската атлетика. Дарио оствари време од 2 часа, 11 минути и 53 секунди што е подобро за повеќе од шест минути од претходниот рекорд на кој тој беше автор, поставен 15 мај 2022 година во Копенхаген (2:18.12).

Победник во Валеснија беше Сисај Лема од Етиопија со време од 2 часа, 1 минута и 48 секунди. Ивановски ја заврши трката на 50. место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни