Поврзете се со нас

Македонија

Ивановски: Целта е да вратиме една од домашните титули во Битола

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер детелно ги претставува сите нови засилувања, група на која и припаѓа и Филип Ивановски.

Ивановски во новата сезона ќе биде дел од првата екипа, поточно е промовиран од Еурофарм Пелистер 2. Тој заедно со Марко Кизиќ и Мартон Секељи ќе ја сочинуваат голманската тројка, а целта ќе биде со добри партии да донесат титули во Битола.

-Екипата неколку години е заедно, скоро 70% од ланскиот костур е присутен и сезонава, надограден со одредени засилувања кои беа потртебни. Ова е голем клуб и нормално е да има високи амбиции. Целта е да се врати една од домашните титули во Битола. Се надевам дека ќе успееме да ја израдуваме публиката. Ветувам дека напорно ќе работиме за да дојдеме до таа толку посакувана титула, -порача Ивановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни