Поврзете се со нас

Италија

Историски пласман: Специја ќе игра во Серија А

Објавено

на

Фудбалерите на Специја успеаа да се изборат за пласман во Серија А иако загубија од Фрозиноне со 1-0 на вечерашниот реванш од баражот за влез во елитната италијанска конкуренција.

Маркус Роден донесе победа за Фрозиноне, меѓутоа истата не беше доволно за овој клуб да дојде до Калчо лигата иако првата средба ја загубија со идентичен резултат од 1-0. Меѓутоа Италијанците имаат специфични правила кога е во прашање ваква ситуација, па оној тим кој во лигашкиот дел бил подобропласиран на табелата оди понатаму, а во случајот тоа е Специја која заврши на третата позиција.

Ова за Специја е историски, прв пласман во најсилната италијанска конкуренција. Претходно билет за Серија А обезбедија Беневенто и Кротоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни