Поврзете се со нас

НБА

Испишана е нова страница во историјата: Европските кошаркари поставија нов рекорд во НБА лигата

Објавено

на

Фото:twitter.com/dallasmavs

Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Домантас Сабонис одново имаа забележителни партии за своите Денвер Нагетс, Далас Маверикс и Сакраменто Кинс со таа разлика што Србинот и Литванецот се израдуваа на нови победи во НБА шампионатот.

Меѓутоа само Словенецот од оваа тројка забележа трипл-дабл што беше доволно да се испише нова историја во најсилната кошаркарска лига на светот.

Лука во дуелот со Голден Стејт Вориорс дојде до 20. трипл-дабл издание со што им влезе во друштвото на Сабонис (26) и Јокиќ (23) кои претходно остварија ваков учинок.

За првпат во историјата се случува тројца играчи да имаат 20+ трипл дабл натпревари што доволно говори дека европските кошаркари доминираат и имаат огромно влијаение во НБА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни