Поврзете се со нас

Македонија

Исмаили е нов фудбалер на Работнички

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Работнички го претстави четвртото засилување за новата сезона, засилување кое доаѓа од редовите на Шкупи.

Нов член на „романтичарите“ е 24-годишниот Фати Исмаили кој ќе ја засили конкуренцијата во дефанзивната линија каде може да покрие повеќе позиции.

Претходно клубот од Дебар Маало го именуваше Љупчо Марковски за нов тренер, а беа доведени голманот Игор Алексовски како и Филип Бошковски и Иво Јанакиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни