Поврзете се со нас

Шпанија

Иско испрати јасна забелешка до Зидан и Анчелоти на промоцијата во новиот клуб во Ла Лига

Објавено

на

Иско Аларкон извесно време чекаше вистинска понуда откако стана слободен агент по крајот на сезоната, па иако на почетокот се поврзуваше со трансфер во Бетис, на крајот заврши во другиот дел од овој андалузиски град.

Севилја е таа која на крајот ги осигура услугите на поранешниот шпански репрезентативец и некогашен играч на Валенсија и Малага, кој по неколку извонредни сезони во Реал Мадрид, имаше две последни сезони за заборав.

Иско не добиваше речиси никаква шанса од Зинедин Зидан и Карло Анчелоти, па иако досега мирно молчеше, на промоцијата во Севилја испрати и забелешка до двајцата тренери.

Новинарот на Севилја му долови на Иско дека голем дел од навивачите на клубот се сомневаат во неговите квалитети после двете ужасни кампањи, по што офанзивниот фудбалер порача дека е тука да ги потисне таквите реакции и фудбалски да се препороди на „Рамон Санчес Писхуан“.

– Сфаќам дека има сомнежи за мене. Последните две години не можев да играм, односно не ми дозволија да играм, може слободно да се каже така. Тие сомнежи кои висат над мене, сега треба да ги оттргнам, ќе ги смирам фановите и ќе им докажам дека сум максимално фокусиран. Сакам да покажам дена никогаш не го загубив квалитетот кој го поседував, – вели Иско кој стави потпис на двегодишен договор со Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни