Поврзете се со нас

Италија

Интер се распаѓа, по Лукаку си одат уште двајца клучни фудбалери, се очекува оставка од директорите

Објавено

на

Италијанските медиуми јавуваат дека состојбата во таборот на Интер во овие моменти е крајно турбулентна по најавите дека Ромелу Лукаку ќе си замине од клубот.

Тимот на Челси притиска за ангажман на белгискиот репрезентативец, а наводно и самиот фудбалер побарал Интер да ја прифати понудата од неговиот поранешен тим.

Пред Лукаку од клубот си замина и Ашраф Хакими, а таборот го напушти и тренерот кој ја донесе првата титула по една декада, Антонио Конте.

Што се однесува до Лукаку, сопствениците на клубот се подготвени да ја прифатат понудата од 130 милиони евра на Челси, додека директорите на Интер, Бепе Марота, Дарио Басин и Пјеро Аусилио биле против ваквото нешто.

„Кориере дело Спорт“ јавува дека директорите се разочарани од сопствениците и би можеле во следниот период да поднесат оставки од своите функции доколку Интер продолжи да го продава своите најдобри фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни