Поврзете се со нас

Италија

Интер крена раце од Ериксен и се насочува кон ангажман на фудбалер на Манчестер Јунајтед како негова замена

Објавено

на

Италијанскиот медиум „Тутоспорт“ пренесува дека Интер и дефинитивно се откажал од Кристијан Ериксен и ја одредил цената по која ќе го продаде во јануарскиот преоден рок.

Интер го купи Данецот пред точно една година од Тотенхем за сума од 17 милиони фунти, а сега ќе сака да направи профит од неговиот трансфер и ќе се согласи за продажба во јануари за сума од 27 милиони фунти.

Заинтересирани тимови за фудбалерот од средниот ред со офанзивни карактеристики се ПСЖ, Арсенал и Манчестер Јунајтед, а се верува дека францускиот тим во моментов е најблиску до негов ангажман.

Интер сака да го продаде фудбалерот и како негова замена да го донесе играчот кој во последно време игра одлично во Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер, Фред.

Сепак, поголема е веројатноста Интер да се согласи со некој од тимовите за директна трампа за Ериксен затоа што тешко кој од нив ќе издвои 27 милиони фунти за играч кој веќе една година е надвор од форма.

Освен Фред, како можна опција за Интер се јавуваат и играчите на Арсенал и ПСЖ, Гранит Џака односно Леандро Паредеш, а доколку пак италијанскиот клуб издејствува и продажба на фудбалерот, ќе се обиде да го ангажира и Корентин Толисо од Баерн Минхен.

Германскиот клуб барем во моментов не е заинтересиран за Ериксен, па така директна размена на играчи во овој случај не би можела  да се случи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни