Поврзете се со нас

Англија

Инс го прозва Солскјер: Тој лаже, мора да му ја каже вистината!

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер често знае да е на мета на критичарите за тоа што го работи во Манчестер Јунајтед, потезите кои ги влезе и секако резултатите кои не се баш најдобри и во оваа кампања иако беа ангажирани две шампионски имиња како Кристијано Роналдо и Рафаел Варан, плус Џејдон Санчо кој беше извонреден во Борусија Дортмунд.

Солскјер долго години беше дел од Јунајтед и многу добро знае што значи да се носи дресот на овој клуб, но исто така добар дел од кариерата на „Олд Трафорд“ мина и Пол Инс кој одлучи директно да го прозва Норвежанецот за тоа што му го прави на Дони Ван Де Бек.

Холанѓанецот дојде во премиерлигашот во 2020 година и тоа како големо засилување од Ајакс, меѓутоа Солскјер никако не му дава соодвтена шанса да ги покаже своите квалитети, а од друга страна не сака да го пушти да си замине порачувајќи дека смета на него.

Се очекуваше во оваа кампања да се промени ситуацијата, ама Дони има одиграно само 141 минута во сите конкуренции.

-Ако одам да купам играч, врвен играч од Ајакс, првото нешто што ќе го кажам е: „Дали ќе играм? Каде ме гледате како се вклопувам, во системот, во тимот? Како менаџер имате два избори – можете да ја кажете вистината или да не ја кажете вистината. Од тоа што го гледам година ипол тој не му ја кажал вистината на Дони, немаше простор за игра. Тој има играч од 35 милиони фунти што седи на клупа.

-Можам да ги држам рацете ако сум на клупа, ако тимот игра добро и победува. Не можете да ми кажете дека Фред и Мектоминеј играат добро секоја недела, па дури и Погба затоа што не е така. Ама постојано ги игра, па јас да седам таму и да ги гледам, секако дека би бил лут, -вели Инс кој на крајот „пеонтираше“.

-Дони беше професионален, направи се како што требаше. Оле излезе велејќи дека е во неговите планови, но очигледно е дека бесрамно лаже, Дони мора да си замине во јануари за доброто на својата кариера, -заклучи Пол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни