Поврзете се со нас

Англија

Имаат различни ставови: Окоча и Реднап прогнозираа кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата

Објавено

на

Веќе влеговме и во вториот дел од оваа сезона во Премиер лигата при што промени на врвот се уште нема, поточно Арсенал ја држи првата позиција со добра предност пред бранителот на трофејот Манчестер Сити.

„Топчиите“ имаат пет бода повеќе и натпревар помалку во однос на главниот конкурент што доволно говори дека имаат добра залиха во овој дел од сезоната, но од друга страна има уште многу да се игра и лесно може да се променат работите кога за ривал имате тим како Сити кој располага со таков силен, моќен ростер.

Легендарниот Нигериц, Џеј Џеј Окоча имаше можност да игра во ПЛ и од негов агол се обиде да ја искоментира трката за пехарот.

-Манчестер Сити изненадувачки губи многу натпревари оваа сезона за нивните стандарди. Арсенал постојано е добар, претпоставувам дека поразот во Евертон неодамна беше само лош ден. Јас верувам дека Арсенал ќе стане шампион, но за тоа треба да бидат добри во двата дуели против Сити, -порача Окоча.

Искусниот стратег Хари Реднап пак верува дека „граѓаните“ сепак ќе пронајдат начин да додадат нов трофеј во нивните витрини.

-Арсенал игра фантастичен фудбал. Фудбалот што го играат и тимот изгледа толку добро избалансиран. Две одлични крила во Сака и Мартинели, тие се силни во средниот ред – Одегард изгледа како вистински играч, го сакам начинот на кој игра, тој е класа. И тие изгледаат цврсто во одбраната, Рамсдејл е добар. Сепак сè уште имам чувство дека Сити ќе триумфира, мислам дека направат серија и ќе го минат Арсенал. Ама ќе биде тесно.

-Арсенал ќе треба да се фати, ама еден тим кој не сакаш да те брка е Манчестер Сити. Ако некој друг ги следеше, би рекол, „да добро“, но Сити е толку опасен. Само погледнете ја нивната клупа. Дијаш и Фоден не вистинска добија шанса, а тие ќе влезат во кој било друг тим во Премиер лигата.

-Промените што Пеп Гвардиола може да ги направи низ целиот терен се смешни. Ако Арсенал заработи неколку повреди, тоа ќе биде голем проблем за нив, -порача Хари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни