Поврзете се со нас

АБА лига

Илиевски: Со дваесетина загубени топки не се добива ваков натпревар, мора да извлечеме поука

Објавено

на

Екипата на Пелистер иако важеше за фаворит претрпе пораз од Рогашка од 92-79 во вториот натпревар на турнирот во Бања Лука во рамките на АБА2 лигата.

Лудерот во македонското првенство одигра страшен меч против Младост на отварањето и сите очекуваа тој добар резултат, партија да биде потврдена против Рогашка, меѓутоа се случи спротивникот и Пелистер мораше да му ја честита победата на противникот.

-Ако на претходниот меч можевме да кажеме дека практично игравме без грешка, сега беше спротивно. Сето она што конкретно го договоривме како да го браниме противникот, потфрливме и Рогашка имаше бројни отворени шутеви, имаше шутерска партија и знаеше како да не казни.

-Ние пак имавме дваесетина загубени топки, со таква бројка не може да се добие ваква средба. Не постоеше енергијата од претходните дуели, лош натпревар од кој треба извлечеме поука. Исто така мора да го нагласам проблемот со ротацијата, ни недостигаше повредениот Младеновиќ, а во лоша здравствена состојба е Стајиќ. Ние ќе бидеме подобри на следните натпревари, -истакна тренерот Марјан Илиевски.

Следен ривал на Пелистер е Подгорица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни