Поврзете се со нас

Свет

Ибра дебитираше на Тик-Ток, видеото доби 6 милиони прегледи за помалку од еден ден

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ се уште се наоѓа во средина на процес на долгата рехабилитација на коленото, кое за малку ќе направеше да замине во пензија по крајот на сезоната во која Милан стана шампион.

Сепак, Златан реши да не се предаде и се одлучи за операција на предниот вкрстен лигамент, по што негово враќање на терените се очекува на стартот на 2023-та година.

Ибра треба да биде големо засилување за „росонерите“ во вториот дел од натпреварувачка сезона, но пред да дојде до такво нешто, тој е морална поддршка за соиграчите со своето присуство на трибините и соблекувалната.

Во меѓувреме, Златан најде слободно време за да се активира и на социјалната мрежа Тик-Ток, каде денеска дебитираше со видео кое брзо стана вирале хит.

Швеѓанецот се претстави на новата социјална мрежа со видео во кое го потенцира неговото алтер его (лавот), ја демонстрира својата физичка моќ, но и раскошот во кој знае да ужива.

За помалку од 24 часа, видеото е прегледано повеќе од 6 милиони пати, а доби милион лајкови

@zlatanibrahimovic @tiktok guess what?! I’m here!!!! #zlatanibrahimovic ♬ original sound – Zlatan Ibrahimovic

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни