Поврзете се со нас

Германија

Хит во Германија: Халанд нареди три топки една врз друга и изведе фудбалска магија (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд ги пропушти октомвриските квалификациски натпревари за својата Норвешка поради повредата која ја влече извесно време, но ако се суди според последното видео кое го објави официјалниот профил на Бундеслигата, младиот голгетер се чувствува подобро и веќе се забавува на тренинзите со Борусија.

Тренерот Марко Розе дополнително ќе треба да одлучи дали Халанд ќе може да настапи претстојниов викенд кога се враќа клупскиот фудбал, бидејќи младиот напаѓач ги загреа навивачите на Борусија со мајсторијата која ја изведе на еден од последните тренинзи.

Бундеслигата сподели едно навистина специјално видео од норвешката гол машина, која демонстрира завидна прецизност со топката.

Халанд се покажа како пикадо мајстор со фудбалската топка, бидејќи нареди дури три една врз друга, пред да покаже снајперска прецизност гаѓајќи го горниот агол од голот.

Норвежанецот во трите наврати ја погоди својата мета, а неговиот необичен тренинг за усовршување на финишот брзо стана хит во фудбалска Германија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни