Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Харт и Харгрејвс едногласни по победата на Манчестер Сити: Тие се светска класа

Објавено

на

Поранешните фудбалери на Манчестер Сити, Џо Харт и Ове Харгрејвс ја имаа улогата на стручни аналитичари на вечерашната средба во која „граѓаните“ славеа голема победа против ПСЖ со 2:1.

Манчестер Сити одигра одлично второ полувреме и со убава предност ќе го пречека ПСЖ во вторник во реванш пресметката меѓу овие два клуба.

И Харгрејвс и Харт го испофалија тимот на Манчестер Сити кој изгледа доминантно и тим од светска класа.

– Манчестер Сити одигра брилијантно во второто полувреме. Беа брилијантни во начинот на кој го менаџираа натпреварот. Во првото полувреме беа солидни, но во второто полувреме беа светска класа. Ова е перфектен резултат за Манчестер Сити, -изјави Харгрејвс.

Сличен коментар имаше и Харт кој посочи дека Манчестер Сити ќе те растури, ако им оставиш простор за такво нешто.

– Сити ве растура, тие се толку константни. Во ПСЖ беа добри, но моментот кога отидоа ниво подолу со својата игра, Манчестер Сити ја презеде доминацијата и тоа беше тоа, -изјави Харт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни