Поврзете се со нас

НБА

Харден се огласи во јавноста по трејдот во Бруклин Нетс: Јас сум елитен водач и фантастичен соиграч

Објавено

на

Џејмс Харден конечно го официјализираше преминот во редовите на Бруклин Нетс, тим со кој се очекува да се бори за титулата во НБА Лигата оваа сезона.

„Брадата“ кој на послендите натпревари во дресот на Хјустон беше непрепознатлив доби низа критики по неговиот премин во редовите на Бруклин.

Еден од оние кои го подбраа Харден поради ваквиот негов потег беше и легендарниот Шекил Онил кој во опширна изјава го „нападна“ новиот кошаркар на Бруклин Нетс.

Сега, конечно во јавноста се огласи и самиот Харден кој со голема самодоверба се пофали потенцирајќи дека е елитен играч.

– Никого не сакав да навредам. Реков дека овој тим не може да се бори за титулата. Во овој момент од мојата кариера, тоа е она што јас го сакам. Јас сум елитен играч, голем водач и фантастичен соиграч, -потенцираше Харден.

„Брадата“ ги мина медицинските прегледи со Бруклин Нетс и наскоро се очекува за прв пат да се појави на паркетот во дресот на новиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни