Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон ја реши „неизвесноста“ околу договорот со Мерцедес

Објавено

на

Изминативе месеци крајно неизвесна беше иднината на Луис Хамилтон во таборот на Мерцедес затоа што британскиот пилот одолговлекуваше со ставањето потпис на нов договор со шампионскиот Формула 1 тим.

Утрово конечно се стави крај на сите дилеми откако од Мерцедес објавија дека Хамилтон конечно го продолжил договорот за продолжување на соработката на уште една дополнителна сезона.

Хамилтон е во тимот на Мерцедес уште од 2013 година и од тогаш има добиено 74 трки во Формула 1 и освоено шест титули во шампионатот. Во минатата сезона тој го собори рекордот на Михаел Шумахер по бројот на остварени победи во кариерата и сега со 95 победи е убедливо на врвот во тоа рангирање.

– Возбуден сум што ќе ја возам и деветтата сезона со моите колеги од Мерцедес. Нашиот тим постигна неверојатни нешта заедно и сега со нетрпение очекуваме да го надоградиме нашиот успех уште повеќе со тоа што постојано ќе гледаме да напредуваме, на патеката, но и надвор од неа, -изјави Хамилтон по потпишувањето на договорот.

– Бевме договорени со Луис дека ќе продолжиме заедно, но невообичаената 2020 година значеше дека ќе треба време за да го завршиме процесот. Заедно, одлучивме да ја продолжиме спортската врска за уште една сезона со што ќе почнеме уште еден долгорочен проект, -изјави меѓу другото извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни