Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола прв повлече потег, Манчестер Сити влезе во преговори со стопер од Премиер лигата

Објавено

на

Угледниот „Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Сити влегол во преговори за ангажман на еден стопер кој игра одлично во Премиер лигата оваа сезона.

Станува збор за дефанзивецот на Борнмут, Натан Аке кој е интересен за уште неколку други клубови од англискиот шампионат.

Според „Скај Спортс“, преговорите се уште се во раната фаза и не се знае дали Сити ќе успее да се договори со холандскиот репрезентативец кој е желба и на Манчестер Јунајтед и на неговиот поранешен клуб Челси.

Фудбалерот има договор со клубот од „Виталити“ до 2022 година, но голема е веројатноста тој да си оди по крајот на оваа сезона затоа што Борнмут се соочува со испаѓање од Премиер лигата.

Изминативе години стоперската позиција е најгорлив проблем за Пеп Гвардиола кој никако не може да најде стабилен тандем кој ќе биде последниот бедем пред голманот Едерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни