Поврзете се со нас

Лига на нации

Грузија покажа сила и против Македонија и славеше нова убедлива победа

Објавено

на

Репрезентацијата на Грузија покажа и докажа дека значително напредувала под водство на легендарниот Вили Сањол кој нешто повеќе од една година е на нивната клупа.

По убедливите победи против Гибралтар и Бугарија, Грузија за жал ни одржа фудбалска лекција, посебно во второто полувреме и не совлада со 3:0.

Грузијците до победата стигнаа во вториот дел од средбата кога ги постигнаа сите три погодоци преку Зивзивадзе, Кваратшкелиа и Китешвили.

Избраниците на Благоја Милевски беа подобар противник во првото полувреме, но паднаа во вториот дел кога беше евидентен заморот на репрезентацијата на Македонија.

Репрезентацијата на Македонија веќе во недела ќе го одигра и последниот натпревар од овој репрезентативен циклус кога во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Гибралтар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни