Поврзете се со нас

Шпанија

Гризман со порака до навивачите на Атлетико откако конечно раскрсти со Барса: Може ќе промашувам голови, но….

Објавено

на

Трансфер сагата наречена Антоан Гризман го дочека својот крај во првиот квартал од новата натпреварувачка сезона, бидејќи после многу шпекулации и валканите игри од страна на Атлетико Мадрид, Барселона реши да попушти и да направи голем попуст за францускиот напаѓач, се со цел да се ослободи од неговата висока плата.

По инструкции од водечките луѓе на клубот, Чоло Симеоне го играше Гризман само како резерва на стартот на сезоната и со тоа стана јасно дека „душекџиите“ сакаат да избегнат плаќање на клаузулата од 40 милиони евра, па со цел да се избегне непотребен циркус до крајот на овој шампионот, Барса се одлучи да направи голем попуст и го продаде за 20 милиони евра.

Од вчера, Гризман и официјално е играч на Атлетико со перманентен договор со 2026-та година, што доволно говори дека клубот сепак има голема верба во неговите квалитети и дека играше како резерва само да се изврши притисок врз Барселона.

– Многу сум среќен што конечно се заврши работата, ова беше тоа што го посакував. Сакав да останам во Атлетико, да бидам дел од клубот, од овие соиграчи, од стадионот, од навивачите. На крајот, направив се што е во моја моќ за да останам тука.

– Кога видов дека има шанса да останам тука на долг рок, воопшто не размислував. Сакам да уживам во клуб кој ме сака и со тренер кој ме сака. Целта ми е да ја оправдам довербата од тренерот, од навивачите. Можеби ќе промашувам шанси, но ќе го дадам максимумот и најдоброто од себе се додека можам. Сакам да ги убедам навивачите на Атлетико дека ќе го гледаат тоа од мене, – вели Гризман кој потпиша договор со 2026-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни