Поврзете се со нас

Англија

Готово е, потврдено дека еден англиски клуб се повлекол од Супер лигата, навивачите слават (Видео)

Објавено

на

Од Англија стигнуваат нови вести поврзани со контроверзната европска Супер лига која требаше да ги засени Лигата на шампионите и останатите европски и светски натпреварувања.

Имено, како што пренесуваат англиските медиуми меѓу кои и најеминентниот „Скај Спортс“ раководството на Челси донело одлука да се повлече од лигата.

Според нивните информации во овој момент од Челси ги подготвуваат документите со кои ќе побараат да се повлечат од новоформираната лига.

Притисокот од јавноста очигледно го стори своето, па Челси го повлече својот потег на кој најмногу се израдуваа навивачите кои веднаш излегоа пред „Стемфорд Бриџ“ да ја прослават оваа вест.

Неколку стотици навивачи скандираа „Е*и ја Супер лигата“ и „Е*и го Перез“ прославувајќи ја разумната одлука на раководството на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни