Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар се засили со центар од САД (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Гостивар договори уште едно име за престојнава сезона, засилување на центарската позиција од Соединетите Американски Држави.

Се работи за Мајкл Стедмен на кого ова ќе му биде прва сезона во Европа. Стедмен има 24 години, висок е 208 сантиметри, а во таборот на Гостивар доаѓа од универзитетот Масачусетс Минутемен каде во претходнава кампања имал просек од 7,5 поени и 3,8 скокови по натпревар.

Претходно бил дел и од универзитетите Монтана и Сан Хозе.

Тој е трето странско засилување за Гостивар, претходно беа доведени Лувејн Пипкинс и Гиoрги Корсантија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни