Поврзете се со нас

Свет

Големо признание за капитенот: Кире Лазаров најдобар десен бек изминатава деценија

Објавено

на

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и вистинска легенда на спортот во нашата земја, Кире Лазаров доби уште едно престижно признание.

Искусниот „бомбардер“ беше избран за најдобар десен бек од страна на реномираниот портал кој се занимава исклучиво со ракомет „Хендболпланет“.

Лазаров собра најмногу гласови од публиката, а наклонети му беа и членовите на стручното жири кое беше составено од тренери, поранешни ракометни легенди и спортски новинари од Европа.

Гласовите од публиката беа убедливо на страната на Кире Лазаров во категоријата најдобар десен бек на деценијата. Нашиот репрезентативец освои дури 67% од гласовите, додека Ласло Наџ доби 23, а Алекс Дујшебаев 10%.

За најдобар ракометар изминатава деценија е избран францускиот репрезентативец, Никола Карабатиќ.

Во идеалниот тим освен Лазаров и Карабатиќ влегуваат Тери Омејер, Микел Хансен, Уве Генсхајмер,  Лук Абало и Жулен Агинагалде, а за најдобар дефанзивен играч беше избран Виран Морос.

Инаку, меѓу  тренерите кои ги распределуваа гласовите се најдоа,Мартин Швалб, Дагур Сигурдсон, Антони Карлос Ортега, Урош Зорман, Марсиј Лијевски, Тјери Анти и Веселин Вујовиќ, додека од ракометните легенди право на глас имаа: Драган Шкрбиќ, Енрик Масип, Стефан Кречмар, Серхеи Рутенка, Бертран Жил и Ларс Кристијансен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни