Поврзете се со нас

Евролига

Го грабна МВП признанието: Миротиќ е играч на сезоната во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Членот на Барселона, Никола Миротиќ е прогласен за најдобар играч во Евролигата во натпреварувачката 2021/2022.

Црногорецот со шпански пасош доби најмногу гласови во изборот на фановите, медиумите, тренерите и капитените на екипите. Неговиот учинок од 16.6 поени со реализација од 87.5 проценти за еден, 65.6 проценти за два и 45.5 за три поени, плус 5.1 скок и 1.2 асистенции беше доволно за да го добие признанието МВП.

-Големо задоволство е за мене што ја добивам наградата од најдобриот тренер Жељко Обрадовиќ. Благодарност до тимот, стручниот штаб, играчите, ова е тимска работа и пред неколку недели Ник Калатес ми рече да се сетам на него доколку ја освојам наградата МВП. Ти благодарам Нико што ми го олесни животот на теренот, тој е голем соиграч и пријател.

-Му благодарам и на мојот личен тренер Јадран Вујачиќ, тој ме поттикна да го достигнам ова ниво, веруваше во мене многу повеќе отколку јас во себе, -порача Миротиќ кој со својата Барселона го очекува настап на завршниот турнир во Белград.

Да посетиме Нико претходно беше избран и во најдобрата петорка заедно со Мајк Џејмс, Шејн Ларкин, Саша Везенков и Еди Таварес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни