Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски и Аликанте уште еднаш подобри од Бреоган

Објавено

на

Стојан Ѓуроски и неговиот Аликанте ја прекинаа низата од три порази во ЛЕБ Оро лигата и тоа со триумф над Бреоган од 76-66.

Ова за Аликанте е втора сезонска победа над овој противник, а до истата игра со подобра игра во трите од четирите четвртини. Во прв план беше фантастичниот Уртасун Уриз кој уфрли 26 поени, Сориано додаде 11, додека Ѓуроски беше автор на 8 поени за 24 минати на паркетот.

Нашиот репрезентативец воедно имаше уште три скока и една асистенција. Пред Столе и пријателите сега е дуелот со Паленсија по што следи плејофот, разигрувањето за пласман во првата лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни