Поврзете се со нас

Репрезентација

Ѓоровиќ: Задоволен сум од ангажираноста, ќе се претставиме во најдобро светло во Рига

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација веќе неколку денови е во Охрид каде се подготвува за дуелите против Хрватска и Германија во квалификациите за Европското првенство.

Тие дуели се играат во Рига, а целта на нашиот национален тим е да се прикаже во што подобро светло на истите.

Одработивме шест тренинзи во Охрид, можам да кажам, во одлични услови кои ги имаме во салата ‘Билјанини извори’, како и во хотелот ‘Тино’ во Охрид. Сакам да напоменам дека овој прв дел е малку потежок за кошаркарките каде обрнавме внимание и на нивната физичка подготвеност и пробавме да ја донесеме на истото ниво пред оваа голема пауза која е евидентирана кај нив.

Секако паралелно со тоа работиме на поставување на основни принципи на одбрана и на напад, а во меѓувреме обрнавме внимание и на некои други тактички моменти, направивме и прв екипен скаутинг на репрезентацијата на Хрватска, -вели селекторот Владимир Ѓоровиќ и притоа додава:

Многу сум задоволен од ангажираноста на екипата во овој период. Имаме и одлична атмосфера. Денеска очекуваме да ни се придружи Девана Бонер. Заедно со Анџелика Митрашиновиќ и Софија Лазареска кои ќе бидат со нас во Рига, се надевам дека и добро ќе се подготвиме, и на турнирот да се претставиме во што е можно подобро светло, истакна Ѓоровиќ.

Селекцијата до 8 ноември ќе остане во Охрид по што ќе замине на турнирот во Рига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни