Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја преслуша четвртата носителка во Визбаден и се пласираше во четвртфиналето

Објавено

на

Фото: Axel Ruske

Лина Ѓорческа оствари фантастичен резутлат во втората рунда на турнирот во Визбаден и обезбеди место меѓу осумте најдобри во Германија, откако денеска ја преслуша четвртата фаворитка, Русинката Марина Мелникова.

Најдобрата македонска тенисерка доминираше во текот на мечот и можеше и доста поубедливо да се пласира во четвртфиналето, бидејќи и во првиот и во вториот сет водеше со 5:2.

Ѓорческа првиот сет го приведе до крај со резутлат 6:3, додека во вториот за малку ќе прокоцкаше голема предност. Русинката успеа да израми на 5:5 по негативата од 5:2, но потоа следеа два гејма во низа на македонската тенисерка и со тоа беше ставено точка на мечот.

Со сигурната победа денеска, Лина си обезбеди меч со Италијанката Федерика Ди Сара, која треба да биде полесна пречка ако се суди по ранкингот.

Федерика е осма носителка на турнирот во Визбаден, кој инаку се игра на земјена подлога и има награден фонд од 80 илјади долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни