Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за бруталното видео кое стана вирално: Не постојат граници, клучот е во главата!

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ изгледаше физички исрцпено по крајот на вториот сет со Данил Медведев, па иако го загуби истиот и се чинеше дека е нокаутиран, Србинот како во многу наврати во кариерата се врати како феникс и покажа неверојатна истрајност која е одлика за него.

Иако немаше никакво резултатско значење мечот со Русинот, Ѓоковиќ се бореше со последниот атом од силите и успеа да направи пресврт за победа во клучниот сет, а од оваа тесна победа со 2:1 во сетови, посебно вирално стана видеото во кое беше прикажан во доста тешко издание.

Србинот се тресеше од замор по крајот на вториот сет и едвај собра сили за да ја соблече маицата, но еден час подоцна одигра брутално во тајбрејкот и успеа да го надигра Медведев.

– Не постојат граници, клучот е во главата. Важен е ставот и начинот на кој се соочувате со ситуацијата. Кога имате проблеми со телото, тоа знае да влијае врз вашиот настап. Противникот може да забележи такви работи и се обидува да преземе иницијатива. Најголемата битка е онаа внатрешната, ако се изборите внатрешно, ќе бидете многу подобри и на теренот.

– Кога се соочувам со ваква ситуација, користам комбинација од неколку работи. Нема да откривам детали на моите ривали. Сите имаме денови кога не се чувствуваме најдобро, но горд сум што останав до крај и победив. Им го должев ова на мојот тим, секогаш давам 100 проценти од себе, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни