Поврзете се со нас

Олимписки игри

Ѓоковиќ се упати кон Токио, Дел Потро го „пецна“ со коментарот: Овојпат имаш шанса (Фото)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се упати кон Токио и има јасна желба и цел да го освои златниот медал на Олимписките игри, одличје кое недостасува во неговата богата ризници трофеи.

Светскиот рекет број еден нема злато од една Олимпијада, а посебно болен беше начинот на кој го заврши својот пат на последните Олимписки игри во Рио, каде беше елиминиран уште во првата рунда.

Хуан Мартин Дел Потро го победи Србинот, кој и четири години претходно во Лондон, исто така беше совладан од аргентинскиот тенисер кој сега му испрати симпатична порака на Ноле во ситуација кога тој нема да учествува на игрите.

Ѓоковиќ вчера им соопшти на своите следбеници дека е на пат за Токио, а Дел Потро го привлече вниманието со коментарот под фотографијата.

– Ќе те гледам! Овојпат имаш шанса пријателе, – шеговито му порача Дел Потро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни