Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ организира балканска тениска турнеја, две познати имиња го потврдија учеството

Објавено

на

Во недостиг на тениски возбудувања и кога АТП ги суспендираше сите официјални случувања до 31-ви јули, Новак Ѓоковиќ покрена навистина интересна иницијатива, односно реши да организира балканска тениска турнеја која сега и дефинитивно ќе се реализира.

Таканаречениот „Адрија тур“ ќе биде одржан во неколку градови во регионот, со тоа што првиот турнир ќе стартува во домот на светскиот рекет број еден. Параванот ќе тргне од Белград и мечевите ќе се играат на терените ТЦ Новак на 13-ти и 14-ти јуни, по што турнејата ќе се сели во Задар, Црна Гора и во Бања Лука.

Турнејата ќе заврши на 5-ти јули, а важно за тениските фанови кои со нетрпение чекаат да го гледаат „белиот спорт“ дека ќе има преноси на „Спорт Клуб“.

Ѓоковиќ како организатор на турнирот веќе договори две големи имиња кои ќе бидат дел од „Адрија тур“, а тоа се Доминик Тим и Григор Димитров, тенисери кои се очекува да бидат првите од низата кои ќе се приклучат во овој интересен проект.

Целта на ова случување е хуманитарно и ќе се собираат пари за образновани на погодени дечиња, но исто така желба на овој егзибициски турнир е играчите да останат во натпреварувачка форма во ситуација кога неколку месеци апстинираат поради коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни