Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ја мина и втората пречка на Мастерсот во Рим

Објавено

на

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ обезбеди место во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ во денешната рунда беше подобар од сонародникот Филип Крајиновиќ кој се прикажа во добро издание, но на крајот мораше да му честита на фаворитот. Првиот сет донесе многу возбудувања, имаше многу надигрувања за да се се одлучи во тај-брејкот кој исто така беше драматичен и му припадна на Ноле со 9-7.

Во вториот сет Новак двапати му го одзема сервисот на противнико што беше повеќе од доволно со 6-2 да го затвори овој меч и дојде до 14 последователно  четвртфинале на турнирот во италијанската престолнина.

Србинот кој во оваа календарска година има учинок од 28 победи на 29 натпревари за следен ривал ќе го има подобриот од пресметката меѓу Лоренцо Музети и Доминик Кепфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни