Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го надмина Федерер и испиша нова страница во светот на тенисот

Објавено

на

Најдоброт српски тениски рекет, Новак  Ѓоковиќ испиша нова историја, поточно постави нов рекорд во машкиот тенис.

Од денеска Ѓоковиќ е играчот со најмногу поминати недели на првата позиција на АТП листата. Ноле го надмина Рожер Федерер кој долго време беше водечки со 310 седмици на врвот, но сега имаме нов крал и тоа е 33-годишниот Ноле кој минатиот месец во Австралија дојде до 18-грен слем титула.

Србинот првпат беше број еден на 4 јули 2011 година, во меѓувреме имаше и падови, подеми, меѓутоа досега дури 311 недели е најдобар на светот и останува да видиме до кога таму ќе остане, поточно со какви бројки ќе ја заврши кариерата.

Инаку во Топ 5 во оваа категорија освен Новак и Федерер се Пит Сампрас (286), Иван Лендл (270) и Џими Конорс (268).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни