Поврзете се со нас

Светски првенства

Германците испратија силна порака: Сите играчи со идентичен гест за време на тимската слика (Фото)

Објавено

на

https://twitter.com/DFB_Team_EN

Германија се покажува како најупорна во намерите да се избори за правда и солидарност и најави дека ќе подготви и тужба до ФИФА, откако Светската фудбалска Федерација им забрани на сите репрезентации да носат капитенска лента која искажува поддршка на ЛГБТ заедницата.

Фамозната лента наречена „One love“ е забранета поради прерасудите во Катар и ФИФА реши да не го провоцира домаќинот на турнирот, но ова наиде на многу негативни и остри реакции во светската јавност.

Капитените и селекторите веќе го искажаа своето незадоволство со изјави во јавноста, но денеска цела германска селекција со идентичен гест испрати силна порака.

За време на тимската фотографија пред мечот со Јапонија кој стартуваше во 14:00 часот, германските фудбалери со идентичен гест ги затнаа своите усти, искажувајќи јасен револт за одлуката која ја донесе ФИФА.

Ова е првата групна порака која ја испраќа една селекција на теренот, а дали ова ќе биде само почеток, останува да видиме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни