Поврзете се со нас

Франција

Генијалност во Париз: „Банана“ додавањето на Мбапе кое ги остави во втор план двата постигнати гола (Видео)

Објавено

на

ПСЖ направи пресврт против Сент Етјен после две импресивни асистенции од Лионел Меси, но визијата на Аргентинецот не беше единственото спектакуларно што го видовме вчера во Париз.

По постигнатите два гола за 2:1, Килијан Мбапе покажа дека има квалитети и за генијална асистенција, со тоа што изведената техника неверојатни потсети на еден друг голем португалски велемајстор.

Мбапе со надворешна го проигра Данило и овој имаше најлесна задача да погоди за 3:1, додавање кое дефинитивно беше вистински „трејдмарк“ за Рикардо Кварезма.

Французинот изведе „банана додавање“ со надворешна и се најде во фокусот на социјалните мрежи, до толку што во сенка останаа и неговите два постигнати гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни