Поврзете се со нас

Репрезентација

Гечевски: Со Бајиќ сакаме да направиме сериозна репрезентација

Објавено

на

Македонската кошаркарска федерација денеска го промовираше новиот селектор Драган Бајиќ кој доаѓа на оваа позиција како замена за Александар Тодоров.

Бајиќ во моментов ја води Игокеа, тим кој е најпријатното изненадување во АБА лигата во оваа сезона и како што стојат работите ќе игра во разигрувањето за пехарот во регионалното натпреварување. Во нашата федерација се задоволни што успеале да го убедат Бајиќ да го прифати овој предизвик, човек за кого веруваат дека може да донесе одлични резултати во иднина.

Договорот е постигнат пред околу две недели, на обострано задоволство. Сметаме дека Бајиќ е вистински избор за селектор, со оглед на неговото знаење и искуство. Сакаме да направиме сериозна репрезентација, а планираме соработка на долг период. Му посакуваме добредојде и многу успех во работата -истакна Гечевски.

Бајиќ е новиот селектор на Македонија: Сите ќе дишеме како еден, само тоа е патот кон успехот!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни